Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Црквата ги повика верниците на „Ѓурѓовденска” слава на манастирот во Валандово. Властите повикуваат на почитување на мерките.

  • Утре, 6-ти мај, за верниците од православна вероисповед „Св.
  • Тие се надеваат дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките и нема да дојде до ескалација на состојбата.
  • Манастирската слава ќе се одржи со следниот распоред:

Утре, 6-ти мај, за верниците од православна вероисповед „Св. Ѓорѓија” или „Ѓурѓовден“ според известувањето на црквата во манастирот „Св.вмч. Ѓорѓи” ќе се одржи манастирска слава.

Бидејќи државата е сѐ уште во вонредна состојба, локалните власти повикаа на почитување на мерките за социјално растојание и групирање, како и носење на заштитни маски, а најавија и зголемено присуство на полицијата.

Тие се надеваат дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките и нема да дојде до ескалација на состојбата.

Манастирската слава ќе се одржи со следниот распоред:

06.05.2020(Среда)Божествена литургија со почеток во 07 часот, по службата мал водосвет

06.05.2020 (Среда) Благословување и делење на славскиот ручек со почеток од 16 часот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.