На 21-ви март, годинава, ќе биде спроведена масовна акција за чистење на општина Валандово.
На првиот пролетен ден, заедно со граѓаните и општинската администрација ќе земе учество во еко-акцијата за собирање на сметот од територијата на цела општина.
Акцијата беше најавена на последната Седница на Советот на Општина Валандово од страна на градоначалникот Перо Костадинов, кој ги повика граѓаните да земат масовно учество во истата.
Идејата за спроведување на акцијата наиде на бројни позитивни реакции кај жителите на општина Валандово.