Општина Валандово ќе биде дел од „Трката за мир”

Утре (07.03.2018 година, среда) ќе се одржи »Трката за мир“, глобална штафетна трка во која се вклучени маратонци-волонтери од целиот свет. Трката почнувајки од Р.Бугарија, преку Р. Грција ќе продолжи во Р.Македонија. Маратонците, со фаќелот на мирот ќе поминат низ општина Валандово каде ќе им се приклучат маратонци-волонтери од оваа општината.

Интернационалниот тим на маратонци ќе му го предаде факелот на мирот на градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, по што ќе биде изведена пригодна програма на која од страна на присутните ќе се потенцираат заложбите за мир насекаде во светот. Потоа, факелот носен од ученици-спортисти од ОУ„Јосип Броз Тито“ ќе ја напушти општината и ќе се упати кон соседната општина Демир Капија.

Трката за мир е основана во 1987 година, се одржува секои две години, а на европскиот континент минува низ 49 земји и претрчува 24.000 км.

ТЕКСТОТ Е ПРЕВЗЕМЕН ОД ФЕЈСБУК СТРАНАТА НА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.