На денешен ден, пред 87 години, во Валандовско почнала фаталната серија разорни земјотреси со краен епилог од 31 жртва и 82 повредени лица

На денешен ден, 1931-ва година, почнала серијата разорни земјотреси која кулминирала со земјотресот од 8-ми март, кој бил со магнитуда од 6.7 степени според Рихтеровата скала.

Во земјотресот загинале 31 лице, а повредени биле 82. Најмногу жртви имало во Пирава и тоа 19.

Земјотресот ја спуштил Валандовската котлина за повеќе од 40 сантиметри, а најголемата пукнатина во земјата била долга речиси 1 километар, а широка 2 метра.

Од земјотресите биле оштетени околу 45 населени места, од кои 29 во најтесното епицентрално подрачје, претежно регионот на Валандово и 16 во неговата непосредна околина.

Забележано било и преполнување на базените во Негорските бањи, но и покачување на температурата на водата за 4 степени, која се вратила на својата нормална температура дури после 10-12 дена.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.