„Валандово без смет” во наредна прилика

Еколошката акција „Валандово без смет”, која за цел имаше чистење на општина Валандово од смет, поради временските неприлики резултираше со многу слаб одзив.

Како што соопштија од Општината, која е и организатор на акцијата, целосната реализација е одложена.

„Акцијата, во помасовна организација ќе биде одржана во нов термин, за кој Општината дополнително, навремено ќе извести.” додаваат од Општината во соопштението објавено на социјалните медиуми.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.