Сардич МЦ од државата ќе бара отштета од 380 милиони евра доколку договорот за „Казандол“ биде раскинат еднострано

Како што дознава Телевизија24, Владата најверојатно ќе треба да се брани пред арбитражниот суд во Лондон доколку го раскине договорот за рударскиот комплекс „Казандол“.

Според сознанијата на телевизијата, компанијата Сардич МЦ, ќе покрене постапка против Македонија и ќе бара отштета од 380 милиони евра, во случај Владата еднострано да го раскине договорот за експолатација на руда.

Адвокатскиот тим на компанијата од Лондон веќе бил во земјава и направил проценка. Од Владата не сакаат да коментираат. Велат дека конечна одлука се уште нема.

Повеќе можете да прочитате на веб страницата на Телевизија 24.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.