Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Градоначалникот Костадинов најави реализација на нови проекти

Градоначалникот Перо Костадинов на својот фејсбук профил ги најави најновите проекти на кои општина Валандово ќе работи во периодот што следува.

Имено, ќе се уредува просторот околу станбената зграда над бензинската пумпа, ќе се реконструира кровот на културниот дом во Собри и ќе се уредуваат тротоарите на булевар „Првомајска“.

Не е најавено кога точно ќе почне реализацијата на овие проекти, но се очекува да биде во најскоро време.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.