Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Учениците од 5-А во посета на дневниот центар во Валандово

Учениците од 5-А одделение од ООУ “Јосип Броз-Тито” Валандово, заедно со својата учителка Станка Петрушева, го посетија дневниот центар во Валандово, ја покажаа сопствената хуманост и усреќија неколку дечиња со посебни потреби кои ги користат услугите на истиот. При посетата, учениците од “Јосип Броз – Тито”, на дечињата од дневниот центар им врачија подароци обезбедени од претходно организираната училишна драмска претстава, заедно со нив другаруваа, играа и се радуваа. Ги срушија бариерите и ширеа љубов.

Целта на оваа активност беше да се подигне јавната свест за децата со посебни потреби и да се потенцира потребата од нивна инклузија во заедницата пружајќи им можност да покажат што знаат, умеат и можат. На овој начин се нагласи потребата од продолжување на градење еднакви услови за сите, преку темелен и системски пристап на општеството. Потребата да покажеме големина и да не дозволиме никој околу нас, да се почувствува отфрлен. Затоа што сите сме исти.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.