Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Валандовчанецот Васил Тасев од кибрит изработи макета на валандовската црква

  • Валандовчанецот Васил Тасев има интересно хоби: изработка на макети на цркви, куќи и други објекти.
  • Валандово.мк: Господине Тасев, имате многу интересно хоби.
  • Изработувам макети на цркви и верски објекти, куќи, настрешници, кујни.

Валандовчанецот Васил Тасев има интересно хоби: изработка на макети на цркви, куќи и други објекти.  За неговото хоби и досегашните изработки подготвивме едно кратко интервју.

Валандово.мк: Господине Тасев, имате многу интересно хоби. Колку време се занимавате со него и што се најчесто изработувате?

Васил Тасев: Многу години се занимавам со ова хоби, но во последно време се почесто и колку што ми дозволува слободното време. Изработувам макети на цркви и верски објекти, куќи, настрешници, кујни. Имам направено макети на се што е досега изградено во мојот дом и во дворот, како и макета на нашата семејна куќа.

Валандово.мк Од каде желбата да се занимавате со ова хоби?

Васил Тасев: Па отсекогаш сум имал желба за изработка на макети. Прецизноста  и трпението се мои главни карактерни особини а тоа е токму она што е потребно за да се занимавате со вакво хоби.

Валандово.мк: Колку време ви беше потребно за изградба на макетата на валандовската црква „Пресвета Богородица“?

Васил Тасев: За изградба на валандовската црква ми беше потребно околу три недели и  потрошив околу 100 кутии кибрит.

Валандово.мк: Освен кибрит, користите ли и друг материјал за изработка?

Васил Тасев: Да, најчесто користам картон и шпер плоча.

Валандово.мк: Кој е вашиот следен проект?

Васил Тасев: Следно планирам да направам макета на црквата „Св.Пророк Илија“ од с.Раброво, како и црквата „Пресвета Богородица“ од с.Јосифово.

Валандово.мк: Планирате ли можеби изложба со вашите изработки?

Васил Тасев: Не, пред се изработките ги правам за мене лично или ги подарувам на моите најблиски.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.