Полициска станица Валандово поднесе кривична пријава против Д.Б.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 07.06.2019 во болницата „Медикус“ во Струмица, В.Р. од Струмица пријавила дека Д.Б. ѝ одзел паричник во кој имало банкарска картичка во нејзина сопственост, по што од банкомат во Валандово Д.Б. со картичката повлекол 80.000 денари.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.