Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Бадникова Поворка во Валандово во чест на Христовото раѓање

  • За децата од Пирава: во 09:30ч. пред училиштето „Гоце Делчев“;
  • За децата од Балинци: во 09:30ч. пред поштата;
  • За децата од Брајковци: во 09:30ч. пред игралиштето;

Годинава во Валандово повторно ќе се одржи Бадникова Поворка во чест на Христовото раѓање, во која ќе учествуваат деца од општината.

Од Гевгелиско Архиерејско Намесништво информираат дека на 6-ти јануари, за Бадниковата Поворка, црквата „Св.Вмч.Димитриј“ од Валандово организира превоз за децата кои ќе бидат дел од поворката, од населените места: Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци и Брајковци.

За децата од Пирава: во 09:30ч. пред училиштето „Гоце Делчев“;

За децата од Балинци: во 09:30ч. пред поштата;

За децата од Брајковци: во 09:30ч. пред игралиштето;

За децата од Јосифово: во 09:30ч. пред училиштето „Страшо Пинџур“;

За децата од Удово: во 09:30ч. пред училиштето во Удово;

За децата од Грчиште: во 09:30ч. пред училиштето во Грчиште;

За децата од Марвинци: во 09:30ч. пред училиштето во Марвинци;

Две комбиња ќе бидат пратени за Удово, Јосифово и Пирава и
едно комбе за Грчиште, Марвинци, Балинци и Брајковци.

Минатата година за Бадниковата Поворка во Македонија дури 7.320 деца од 25 градови ја создадоа најголемата коледарска дружина, пеејќи ја „Вечниот Бог“.

 

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.