Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

До 11 часот во о. Валандово најмала излезеност има на избирачкото место во с. Прстен, а најголема во Културниот дом „25-ти Мај“ во Валандово

Според податоците на Државната изборна комисија при пресекот во 11 часот од гласањето на Референдумот, најмала излезеност во општина Валандово или само 2,22% има во с. Прстен, а најголема, од 15,6% има на избирачкото место 0283 сместено во Домот на културата „25-ти Мај“ во Валандово.

Во градот Валандово најмала излезеност до 11 часот е забележана во Кино салата на избирачкото место со број 0281, а изнесува 8,03%.

Од селата во општина Валандово најголема излезност е забележана во село Раброво, каде до 11 часот на гласање излегле 10,83%.

Вкупната излезност во општината до 11 часот изнесува 8,04%, т.е. од вкупно 9.970 регистрирани гласачи своето право на глас го искористиле 801 гласач.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.