Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Градоначалникот Костадинов најави реализација на низа проекти

  • Изградба на пат за поврзување на Горна Маала – Јосифово со регионален пат Р-1105;
  • Изградба на канализационен систем во Раброво и
  • Реконструкција на фудбалско игралиште во Пирава.

Градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов, на својот фејсбук профил ги најави проектите на кои општината ќе работи во периодот што следува.

Како што соопшти Костадинов, денес општина Валандово објавила јавни набавки за проектите: Изградба на плоштад и парк во Удово и Канализација II фаза во Бојмискиот регион.

Во наредниот период треба да започнат градежните активности и за проектите: Уредување на патот и просторот од Валандово до манастирот „Св.Ѓорѓи“ и реконструкција на детската градинка „Калинка“ во енергетски ефикасен објект.

Во моментов се работи на изградба на улица „Горна Маала“ во населеното место Марвинци, а продолжуваат и процесите за изведба на уште неколку проекти и тоа:

Изградба на пат за поврзување на Горна Маала – Јосифово со регионален пат Р-1105;

Изградба на улица „Вардарска“ во Удово;

Изградба на централна улица во Чалакли;

Изградба на канализационен систем во Раброво и

Реконструкција на фудбалско игралиште во Пирава.

 

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.