Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Инсталирана компјутерската опрема во општинските училишта која граѓаните ја изгласаа како приоритетна

Во ООУ „Страшо Пинџур” Јосифово, ООУ „Јосип Броз Тито” Валандово и СОУ „Гоце Делчев” Валандово, деновиве се инсталира нова компјутерска опрема со која целосно ќе се опремат новите училници по информатичка технологија.

Опремувањето на новите училници е проект за чија реализација се одлучи на граѓански форуми организирани во општина Валандово, во претходниот период.

Форумите беа дел од проектот „Зајакнување на општинските совети” и истите послужија како демократска алатка за реализирања на мислењата и предлозите на граѓаните.

Со гласање, учесниците на форумот, за проект кој ќе се имплементира го избраа „ИКТ лабораторија со соодветна хардверска и софтверска опрема и училишен медиум” кој ги опфаќаше трите општински училишта.

За реализација на овој проект, беше предвиден фонд од 50.000 швајцарски франци, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементирани од УНДП.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.