Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ќе се уредува просторот околу зградата спроти бензинската пумпа на Макпетрол

  • На теренот ќе бидат поставени и павер елементи, а пешачките патеки ќе бидат оградени со бетонски столпчиња.
  • За осветлување на просторот ќе бидат поставени 30 рефлектори со јачина од 10 вати.
  • За оваа намена Општина Валандово планира да потроши најмногу 16 илјади евра.

Општина Валандово ќе го уредува просторот околу зградата до Здравен Дом во Валандово, спроти бензинската пумпа на Макпетрол.

Во уредувањето ќе бидат изградени потпорни ѕидови, скали, нови тротоари, а просторот ќе биде и хортикултурно уреден со садење на зимзелени дрвја. На теренот ќе бидат поставени и павер елементи, а пешачките патеки ќе бидат оградени со бетонски столпчиња.

За осветлување на просторот ќе бидат поставени 30 рефлектори со јачина од 10 вати.

За оваа намена Општина Валандово планира да потроши најмногу 16 илјади евра.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.