Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Наскоро започнува изградбата на прифатилишта за бездомни животни во Струмица и Гевгелија

По потпишувањето на Договорите за изградба на Прифатилишта за бездомни животни во Струмица и Гевгелија, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, наскоро ќе започне и нивната изградба.

За изградбата на Прифатилиштето во општина Струмица, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион потпиша договор со изведувачот ДПТУГУ АТРИУМ ДОО – Вевчани а за Гевгелија со ДГТУ ЕВРОГРАДБА – ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ  – с.Владевци.

Изградбата на овие две прифатилишта е овозможена благодарение на финансиската поддршка од Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018-та година. Главната цел на овој проект е да се подобри безбедноста на граѓаните во Југоисточниот плански регион преку заштита и згрижување на бездомните животни во регионот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.