Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Почнаа градежните активности на улицата во „Горна Маала“ – Марвинци, инвестиција над 2 милиони денари

Почнаа градежните активности за асфалтирање на улицата во „Горна Маала“ во населеното место Марвинци – соопшти градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.

Станува збор за улица која ги поврзува „Горна Маала“ и магистралниот пат Р – 1401, во должина од 570 метри. На неа ќе бидат поставени 2.042 квадратни метри асфалтна маса.

Градежните активности ги изведува Друштвото за трговија, земјоделство, производство и услуги БОНИ ИНТЕРГРАДБА ДОО увоз-извоз Штип а вкупната вредност на реализацијата на овој проект изнесува 2.243.788,00 денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.