Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Погледнете ја „Bleue” – Новата колекција на „Занов”

  • „Бојата на небото и морето ме асоцира на длабочина, стабилност и самодоверба.
  • Палетата на бои е внимателно одбрана.
  • Колекцијата „BLEUE” вклучува фустани, палта, панталони, комбинезони, ролки и повеќе видови здолништа.

Пред неколку ден и официјално беше презентирана н нова колекција од „Занов“, насловена „BLEUE”, наменета за сезоната есен-зима 19/20.

Водечка инспирација е специфична нијанса на сината боја, препознатлива за делата на францускиот уметник Ив Клајн.

„Бојата на небото и морето ме асоцира на длабочина, стабилност и самодоверба. За кроевите во колекцијата, како и за нијансата на сино, наоѓав инспирација од дела на францускиот уметник . Секако делата се доживеани на свој начин, затоа и дизајните се во препознатливата естетика за Zanov. Дел од облеката ги истакнува облините, и ја следи линијата на телото. Колекцијата е многу чиста, едноставна и модерна. Има некои мали акценти кои потсеќаат на 60тите години од минатиот век.“ вели Мите Занов, дизајнерот позади колекцијата.

Палетата на бои е внимателно одбрана. Покрај нијанси инспирирани од препознатливата „интернационална Клајн сина“ боја, застапени се и бела, црна, сребрена и црвена боја.

Колекцијата „BLEUE” вклучува фустани, палта, панталони, комбинезони, ролки и повеќе видови здолништа.

Дизајните лесно можат да се комбинираат меѓусебно. Наменета е за различни прилики. Облеката ја дополнуваат и модни додатоци како хулахопки, мини ташни и појаси за нагласување на половината.

Најуникатните дизајни од колекцијата се целосно рачно изработени, без употреба на машина за шиење. А и во остатокот од колекцијата има рачни детали.

Од сезона во сезона се повеќебројни се ваквите дизајни за чијашто изработка е посветено многу внимание, трпение и љубов.

Овие уникатни креации се веднаш препознатливи и секогаш ги одбираат клиенти со изграден стил кои сакаат да носат несекојдневна облека.

Всушност и клиентите се голема мотивација за креирање на смели дизајнерски решенија. Нивната храброст да се експресираат низ модата дозволува експеримент.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.