Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Поставена изложбата „Богданци и Валандово низ леќата на младите фотографи“ во Богданци

Во Домот на култура „Бранд Петрушев“ – Богданци беше поставена изложбата „Богданци и Валандово низ леќата на младите фотографи“.

На изложбата беа изложени фотографии на 14 млади фотографи од југоисточна Македонија работени од октомври 2018-та до април 2019-та, под стручно водство на Македонскиот центар за фотографија.

На настанот му претходеше и обука за младите фотографи во СОУ „Гоце Делчев“ –  Валандово од страна на Роберт Јанкуловски – македонски фотограф и основач на Македонскиот центар за фотографија, кој, меѓу другото е одликуван и со орден Витез од Редот на уметностите и книжевностите од францускиот амбасадор во Македонија и изложба во Домот на култура ” 25ти мај” – Валандово.

Претходно и во Домот на култура во Валандово беше поставена оваа изложба.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.