Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Повик за волонтери за проект за ревитализација на локалните библиотеки

  • Целта на проектот е трансформација на библиотеката во центар на информации, знаење и идеи.
  • Проектот ќе се реализира од 17.12.2018-та до 31.05.2019-та година, во неколку сесии.
  • Рокот за аплицирање е до 05.12.2018-та година.

СмартАп – Лабораторија за социјални иновации во соработка со Националната и Универзитетска библиотека „Климент Охридски“ – Скопје и Американската Амбасада во РМ, ги повикуваат сите млади од општина Валандово, да се вклучат како волонтери во проект за ревитализација на локалната библиотека. Целта на проектот е трансформација на библиотеката во центар на информации, знаење и идеи.

Од волонтерите во текот на проектот се очекува да бидат креативни, да придонесат во креирањето идеи за иновативни активности во градската библиотека, активно да ги следат чекорите на програмата и да помагаат во нејзино имплементирање, учество на закажаните сесии и поднесување извештај за нивните активности.

Проектот ќе се реализира од 17.12.2018-та до 31.05.2019-та година, во неколку сесии. Целта на проектот е да се остварат позитивни промени во локалните заедници, преку дизајнирање на нови услуги, искористувајќи ги постоечките ресурси со цел нивно трансформирање во центри на знаење, информации и идеи.

Во проектот ќе учествуваат 7 општини и тоа: Валандово, Велес, Струмица, Дебар, Кавадарци, Свети Николе и Неготино, со 7 волонтери, односно по 1 од секоја општина.

Рокот за аплицирање е до 05.12.2018-та година. Подетални информации на следниот линк .

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.