На 09.07.2019-та година во 18:20 часот на клучката Марвинци, валандовско, полициски службеници пронашле 27 мигранти во товарно возило „VW LT 35“ со кумановски регистарски ознаки.
Возачот Д.Р.(31) од Велес е приведен поради сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Мигрантите се предадени во Прифатниот центар Гевгелија.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.