Со средства од Министерството за труд и социјална политика ќе се гради детска градинка во Јосифово, најави градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов.
Пред неколку месеци, повторно со средства од Министерството, во висина од 10 милиони денари, беше изградена детската градинка во Брајковци, која како што најави министерката Царовска, во септември треба да биде подготвена за згрижување на првата група дечиња од целиот бојмиски регион.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.