Од оваа учебна година учениците и професорите од СОУ „Гоце Делчев“ почнаа со производство на сок од калинки.
За таа цел училиштето набави производна линија каде машински се цеди, полни и пастеризира сокот, за да на крај се добие готов производ.
Целиот процес се одвива со постојано учество, упатства и инструкции на професорите по стручни земјоделски предмети Наќо Кимов и Златко Јанчев.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.