Во кабинетот по биологија, со професорката Ангелина Занова и учениците, третоодделенците слушаа едукативно предавање за вируси и бактерии и се запознаа со виталните органи. Играа и квиз во тимови, а дел од активностите беше демонстрација на правилно миење на забите.
Посетата ги опфати и растенијата и добивањето прехранбени производи. Децата учеа како се добива сок од калинка и се запознаа со процесот на добивање мед. Во училишната ботаничка градина учеа за начинот на одгледување на растенијата.
Тие ја посетија и лабораторијата, а во етно-катчето беа почестени со сок од калинка и мед. Низ активностите ги водеа професорите Ангелина Занова и Васил Узунов.
Од ООУ „Јосип Броз-Тито“ оценија дека активностите во кабинетот по биологија ги привлекле интересот и вниманието на учениците.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.