Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Ученички од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово успешни на камп за еко-новинарство

  • Учеа како се пишуваат вести и кои се разликите помеѓу дневното новинарство и еко-новинарство.
  • Стекнатите знаења ги применија на терен во Смолари, Габрово, Колешино, Моноспитово и Мокрино.
  • На кампот учествуваа 20 средношколци од цела Македонија.

Теодора Илиева, Тиана Костова и Благица Павлова – ученички во III година гимназија, при СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, се докажаа како вредни еко-новинари и надежни фоторепортери, како соработници на весникот „Медиум“.

Со право на учество на овој камп ученичките претходно се здобија како автори на еден од 12-те најкреативни медиумски производи. Учеа како се пишуваат вести и кои се разликите помеѓу дневното новинарство и еко-новинарство.

На предавањето по фотографија учеа за правилата за фотографирање жив свет, колку фотографии треба да има една фото-приказна, како и трикови за успешни фотографии. Стекнатите знаења ги применија на терен во Смолари, Габрово, Колешино, Моноспитово и Мокрино.

На кампот учествуваа 20 средношколци од цела Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.