Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Утре завршува „Индијанското лето“ – Најавен дожд со драстичен пад на температурите

  • Според моменталните анализи кои ги направивме можеме да кажеме крај на сушното време.
  • Температурите ќе бележат благ пораат и тие би се движеле од +17° до +20° степени.
  • Најтопло време и поголем пораст на температурите се очекува да има во југоисточните делови.

Според моменталните анализи кои ги направивме можеме да кажеме крај на сушното време.

Стабилно и топло време се очекува да потрае до утре, среда, а од четврток се очекува промена на времето.

Во четврток и петок во цела држава времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои во југоисточниот дел се очекува да достигнат од 10 до 20л/м2, а ќе дува и слаб ветар од источен и југоисточен правец.

Што се однесува до дневните температури тие би биле во драстично опаѓање и би се движеле од +13° до +15° степени.

За време на викендот ќе се задржи променливо облачно време, со послаби повремени врнежи од дожд на одредени места. Температурите ќе бележат благ пораат и тие би се движеле од +17° до +20° степени.

Најтопло време и поголем пораст на температурите се очекува да има во југоисточните делови.

Прогнозата за Валандово.мк ја подготви Костадин Павлов од метео-порталот mkmeteo.mk

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.