Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Викендов за претстојниот „Josifovo Summer Fest“ се очекува топло и стабилно време

  • Стабилното и топло време продолжува и во наредните два дена.
  • Ноќните температури ќе се движат во интервал од 17° до 27°.
  • Во сабота времето исто така ќе биде стабилно и топло со појава на локална облачност.

Стабилното и топло време продолжува и во наредните два дена. Денес времето во Валандово, поточно во Јосифово ќе биде стабилно и топло со услови за појава на локална облачност. Ќе дува слаб ветер од Југоисточен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од 18° до 24°, додека пак, максималните дневни температури ќе се искачат до 34°.

Ноќните температури ќе се движат во интервал од 17° до 27°.

Во сабота времето исто така ќе биде стабилно и топло со појава на локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните утрински температури ќе се движат во интервал од 19° до 24°, додека пак, максималните дневни температури ќе се искалат до 34°/35°.

УВ индексот ќе има вредност 8.

Ноќните температури ќе се движат во интервал од 19° до 26°.

Прогнозата ја подготви: Костадин Павлов – метеоролог

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.