Валандово 13°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во 2017-та во општина Валандово се случиле 31 сообраќајна незгода со потешки последици во кои животот го загубиле четворица

  • Во Валандово регистрирани се 31 сообраќајна незгода во кои загинале четворица, а повредени се вкупно 50 лица.
  • Од повредените лица 9 се потешко повредени, додека пак 41 лице се здобиле со полесни телесни повреди.
  • Веднаш зад Скопје се најде Штип, каде загинале 30 лица во 321 сообраќајка.

Според статистиката објавена од МВР, во 2017-та година во Македонија се случиле 4.019 сообраќајни несреќи, со биланс од вкупно 6.379 настрадани лица. Најчеста причина за сообраќајките била брзото возење, а најмногу од лицата кои настрадале се на возраст од 41 до 65 години.

Во Валандово регистрирани се 31 сообраќајна незгода во кои загинале четворица, а повредени се вкупно 50 лица. Во сообраќајките направена е и значителна материјална штета од 1.771.500 денари.

Од повредените лица 9 се потешко повредени, додека пак 41 лице се здобиле со полесни телесни повреди.

Скопје е водечки на листата каде лани се случиле 1.652 сообраќајни незгоди во кои загинале 37 лица, а настрадале вкупно 2.500 учесници во сообраќајот. Веднаш зад Скопје се најде Штип, каде загинале 30 лица во 321 сообраќајка. Загинати во сообраќајки нема во Берово и Крушево.

Вкупната материјална штета од сите сообраќајни незгоди во Македонија изнесува околу два милиона евра.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.