Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово одбележан Денот на планетата Земја

  • Учениците одржаа кратко предавање и поделија флаери со основни информации.
  • Овој настан е дел и од „Ерасмус +“ проектот „Сјајот на природата“.
  • Од 1992-та година се одржува и во околу 175 земји во светот.

Денеска во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово беше одбележан 22-ри април – Денот на планетата Земја, како празник на единствениот дом на сите живи суштества.

Учениците одржаа кратко предавање и поделија флаери со основни информации. Целта на одбележувањето на овој ден е да предупреди на опасностите што им се закануваат на флората и фауната поради развојот на индустријата, зголемената потрошувачка на енергија, глобалното загревање и климатските помени.

Овој настан е дел и од „Ерасмус +“ проектот „Сјајот на природата“.

Инаку Денот на планетата Земја за првпат е одбележан во САД во 1970-та година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. Од 1992-та година се одржува и во околу 175 земји во светот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.