Валандово 11°
Редакција: Валандово.мкИспрати тема

Мени на Валандово.мк

Редакција:Валандово.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Временска прогноза за Валандово: Понеделник критичен ден за земјоделците и сточарите

  • Времето утре (петок), ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, a ќе дува и слаб ветар.
  • Во сабота ќе имаме преодно стабилно време, со раст на максималните температури.
  • Понеделник времето ќе се задржи врнежливо и на места со пороен дожд, грмежи и можен ситен град.

Времето утре (петок), ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, a ќе дува и слаб ветар.

Во сабота ќе имаме преодно стабилно време, со раст на максималните температури. Максималната темпетатура ќе се искачи до 23-24°степени.

Со формирање на циклон околу јужниот дел на Италија и делот на Јонското море, во недела, времето во Валандовско ќе биде променливо облачно, а облачноста постепено ќе се зголемува во текот на денот, во попладневните и ноќните часови се очекуват врнежи од дожд и ретки грмежи.

Понеделник времето ќе се задржи врнежливо и на места со пороен дожд, грмежи и можен ситен град.

Да напонениме, во понеделник ќе биде критичен ден, како за земјоделците така и за сточарите. Според направените анализи се очекува во понеделник да наврне и над 50 л/м2.

Вообичаено, при обилни врнежи во општината ќе се појават проблемите со Калковска река, со можност за излевање, ронење на карпи и слично.

Прогнозата ја подготви младиот синопричат Костадин Павлов од метео-порталот mkmeteo.mk.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.