Со поставување на метална ограда долж границите на парцелата наменета за новите градски гробишта, Општина Валандово започнува со решавање на еден од најгорливите проблеми на населението.
На новите гробишта, кои се протегаат на површина од околу десет илјади метри квадратни, ќе се пристапува преку четири влеза за луѓе и еден влез за автомобили.
Оградата би требало да биде завршена за најмногу 45 дена од денот на почнувањето на работите на терен, а Општината за тоа ќе издвои до два милиони денари.


Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.