На 10-ти јуни, во недела, на Фестивалската сцена „Јанко Узунов“ во Валандово, свој настап ќе имаат членовите на Детскиот фолклорен ансамбл при Домот на културата „25-ти Мај“.
Завршниот концерт на најбројното детско здружение на југоистокот ќе започне во 19.30 часот, а за вечерта предвидени се и настапи на повеќе гости од Валандово и Гевгелија.
Влезот е бесплатен.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.