Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Здравствениот дом во Валандово доби целосно опремено амбулантно возило за итна медицинска помош.
Возила ќе добијат и Струмица, Радовиш и Гевгелија; проектот предвидува и стручни обуки за медицинските тимови.
Здравствениот дом во Валандово доби целосно опремено амбулантно возило за итна медицинска помош, донација преку проектот „Heart Safe CBA“, финансиран со ИПА-програмата за прекугранична соработка со Грција.
Донацијата е реализирана преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Проектот има вкупен буџет од над 1,2 милиони евра, а амбулантни возила ќе добијат и Струмица, Радовиш и Гевгелија.
Проектот опфаќа и стручни обуки за медицинските тимови, наменети за унапредување на знаењата и вештините за згрижување критични пациенти.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.