Одржана трибина на тема „Родово базирано насилство”

Во Домот на културата „25-ти Мај” вечерва се одржа трибина на тема „Родово базирано насилство”.

Трибината беше во организација на Комисијата за еднакдви можности на мажите и жените при Општина Валандово, а на истата се обрати и градоначалникот Перо Костадинов.

Свој удел во трибината имаше и пратеничката Мери Лазарова, која од оправдани причини сепак не присуствуваше.

Повод за одржувањето на трибината беше ратификацијата на Истанбулската конвенција т.е. Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, од страна на Собранието на Република Македонија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.