Пандемијата со коронавирусот ни оддалеку не е завршена. Последните 7 дена на територијата на општина Валандово регистрирани се дури 29 новозаболени од Ковид-19, а 2 лица ја загубиле ботката со болеста.
Бројката на новозаразени во последната седмица е речиси три пати над седмичниот просек во општина Валандово од 10.5 лица, и се ближи до бројот од 1000 заразени регистрирани на територијата на општината.
Статистиката на починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата бележи 37 лица, што претставува 4% од вкупниот број на регистрирани, заразени лица.
Заклучно со вчера, бројката на активни случаи на територијата на нашата општина се искачи на 63 што е највисока стапка од првиот случај на новиот коронавирус регистриран кај нас, на 22. април 2020 година.