Како дел од 15-то коло од Втората лига – Исток, денес ќе се одигра натпреварот помеѓу Победа и Беласица.
Дуелот ќе започне во 14.00 часот, на градскиот стадион во Валандово. Влезницата за истиот чини 50 денари.
Во претстојниот период, Победа ја очекуваат и пресметките со „Осогово” од Кочани (10.03.2018) и „Саса” од Македонска Каменица (24.03.2018).
Натпреварот со „Хоризонт Турново” е откажан поради дисквалификацијата на тимот од лигата.
Со почетокот на новата полусезона направени се и интервенции во редовите на тимот.
Во новиот состав на клубот ќе играат: Џоко Зајков, Марио Иваноски, Марио Рајатоски, Стефан Поповски, Филип Стојчевски, Марко Арсовски, Александар Тенекџиев, Томе Мижоров.
Играчи кои од оваа полусезона нема да се натпреваруваат во дресот на „Победа” од Валандово се Дарко Додевски, Андреј Петкоски (Победа од Прилеп), Владимир Жоглев, Христијан Митревски, Никола Костадинов (Осогово), Филип Трајчевски (Струга), Игор Зејринов (Кожуф), Кирче Крстевски (Еуромилк)