Во четврток, 8-ми март, во 19.00 часот, во Социјалениот центар „Дуња“ во Скопје, ќе се одржи втората по ред средба на која, како што стои во описот на настанот, ќе биде продолжена дискусијата околу пружењето поддршка на движењата против рудниците во југоистокот.
Како причина за одржување на средбата се наведува безволието на Владата и надлежните органи да реагираат по неправилностите во работата и доделувањето на концесија за рудникот Казандол, одолговлекувањето на гласањето на предложените измени на Законот за минерални суровини во Собранието и непречната изградба на рударскиот комплекс Казандол.
Средбата е организирана од страна на Левичарското движење „Солидарност“, а истите ќе бидат и дел од дискусијата.