Околу 500, од кои 250 тешки кражби се случиле изминатата година во југоисточна Македонија. 180 од кражбите биле во куќи и станови, речиси 50 во продавници и угостителски објекти, a се крадело и од моторни возила.
Најчеста мета на крадците биле пари, накит, компјутери, ИТ опрема, акумулатори и авто-делови.
Како што изјави портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, еден од методите против ваквите немили настани е едукација на населението за заштита од кражби, а посебен акцент се става на пензионерите како една од најранливите категории граѓани кои многу често може да бидат не само предмет кражби, туку и на измами и манипулации.