Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во посета на Валандово

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во посета на Валандово. При посетата Мицковски ја посети конфекцијата „Дока Текстил“, како и градскиот пазар во Валандово каде имаше можност лично да поразговара со валандовчани.

Денес сум во Валандово. Го пoсетив пазарот, среда, пазарен ден. Чичко Петре кој го прехранува семејството од продавање на земјоделски производи, човек кој освен годините, му натежнала и тешката сегашност, вели на сите пазарџии ни ја зголемија таксата за 7 пати повеќе. Плаќаме 7 пати повеќе во споредба со порано, ништо не останува за мене и бабата, а камоли нешто за внучињата да им подарам. Сите останати кои ги сретнав со истата порака. Велат животот е се поскап и поскап,, луѓето немаат пари, а Валандово е заборавено од владата. Како да не постои. Се сретнав и со младите од Валандово, велат на прсти можеме да се преброиме. Секој гледа како да ја напушти државата, партискиот реваншизам стигнал и во Валандово, па велат неистомислениците со власта е незамисливо да се вработат. Им порачав дека тоа мора да се смени. ВМРО-ДПМНЕ ќе има обзир и за младите, и за повозрасните, фер услови и шанса за развој на секој кој поседува способности и квалитет, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.