Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ од вторник во Домот на културата во Валандово

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“, во организација на Младинскиот образовен форум, церемонијално во Домот на културата „25-ти Мај“ во Валандово ќе биде отворена во вторник со почеток од 18.00 часот. Изложбата ќе остане отворена за посетители до 10 април 2018 година, додека влезот е бесплатен.

Отварањето ќе биде проследено со говори од Градоначалникот на Општина Валандово – Перо Костадинов и други гости.

Изложбата претставува збир од триесет и девет изложбени панели, преведени на македонски и албански јазик, кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна.

Изложбата е отворена во Македонија во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам. Во изложбата има и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.