Повеќе од 500 лица чекаат на деблокирање на процесот за полагање возачки испит

Без малку четири месеци испитниот центар АС Струмекс, кој го опслужува целиот југоисток не спроведува ниту практично ниту теоретско тестирање на кандидати за добивање возачки дозволи.

Блокадата е поради немањето на лиценци од страна на членовите на комисијата, какви што предвидува Законот за безбедност на сообраќајот, кој на сила стапи на 1-ви декември минатата година.

Законското решение за безбедност во сообраќајот на патиштата од 2015-та година ги обврзува сите испитни центри, од 30 ноември 2017 да поседуваат лиценцирани испитувачи издадени од МВР, но, постапката се уште не е завршена.

Повеќе од 500 кандидати од Валандово, Струмица, Радовиш и Гевгелија кои ја поминале обуката чекаат да го положат завршниот испит за возачка дозвола.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.