Клубот за екстремни спортови „Пеликан – Екстрем“ од Стојаково, во соработка со градежната компанија „Жикол“ од Струмица, отпочнаа со изградба т.е. проширување и приспособување на теренот за ново полетиште за параглајдеристи, на територијата на општина Валандово.
Полетиштето е на патот Валандово – Чалакли, над каменоломот, на месноста викана „Татарлиска Чука“.
Клубот „Пеликан – Екстрем“ постои повеќе од три години и е заслужно за голем број на палаграјдерски настани на југоистокот, како и пронаоѓање и приспособување на нови терени за полетување во регионов.