342 лица на платниот список во јавните институции во општина Валандово

Општина Валандово, според новиот Регистрар на вработените во јавниот сектор се наоѓа во групата на Општини кои имаат среден број на вработувања во однос на бројот на населението во општината.

Според податоците, во 2017-та година, во општинската администрација во Валандово биле вработени 30 лица. Од кои 28 македонци, едно лице од српска и едно со друга националност.

Во шест институции кои се основани од Општина Валандово, во 2017-та година, работеле 312 лица.

Најмногу вработени во јавните институции во општина Валандово има во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Валандово. Во основното училиште во Валандово работат 90 лица. По него следува „Здравен Дом“ Валандово со 60 вработени, ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово со 42 вработени, СОУ „Гоце Делчев“ со 38 вработени, ЈП „Комунален сервис“ 33 вработени, а исто толку вработени има и Детската градинка „Калинка“ – Валандово.

На дното на табелата се Центарот за социјална работа со 10 вработени и Домот на културата „25-ти Мај“ со 6 вработени.

Бо бројката од 342 лица не влегуваат вработените во Полициската станица во Валандово и нејзините одделенија. За институциите од член ОД 19 став 3 од Законот за вработените во јавниот сектор, извештајот содржи само вкупен број на вработени. Па така во Армијата на Република Македонија се вработени 7.202 лица, во Министерството за внатрешни работи, под чија ингеренција е и Полициската станица во Валандово се вработени вкупно 11.966, а во Агенцијата за разузнавање 250 лица.

Општина Валандово е во група со Штип, Кавадарци, Кочани, Радовиш, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Дебар, Неготино, Свети Николе, Делчево, Ресен, Пробиштип, Берово и Кратово, Општини со седиште во град и население од 10.000 до 50.000 жители.

Вкупното население кое живее во овие општини изнесува 360,665 жители. 16-те единици на локални самоуправи се јавуваат како основачи на 145 институции од јавен сектор во кои се вработени 8,266 лица, кои заедно со вработените во општинските администрации, чиј број изнесува 1,134, сочинуваат бројка од вкупно 9,400 вработени лица.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.