Во недостиг од хотелско сместување, Општина Валандово ќе потроши 700 илјади денари за сместување на гостите на „Фолк Фест“ во хотелите во Струмица, Гевгелија или Дојран, со вклучен превоз од Валандово до хотелот и обратно.
Денес Општина Валандово објави тендер за избор на Туристичка агенција преку која ќе се реализира хотелското сместување на гости за потребите на Општина Валандово со превоз од Валандово до хотелот и обратно, за период од една година, во хотели не подалеку од 30 километри.
Во Тендерската документација е наведено дека економскиот оператор треба да ја има во предвид можноста за сместување на поголем број лица или околу 100, за време на одржувањето на фестивалот.