На предлог на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, за нов Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Валандово е избран Дејан Бошков.
„Почитувани мои сограѓани и сопартијци, сакам да Ве известам дека по предлог на Претседателот Христијан Мицкоски, а со одлука на Извршен комитет на ВМРО – ДПМНЕ укажана ми е доверба да бидам Претседател на Општински комитет Валандово. Ова претставува голема чест за мене, но во ист момент и сериозна одговорност. Ќе ми претставува огромно задоволство да придонесувам преку оваа функција како за нашата општина, така и за нашата Македонија.“, објави Бошков на својот Фејсбук профил.
Дејан Бошков, на валандовчани им е познат по функцијата Директор на Јавното претпријатие „Комунален сервис“ Валандово. Од истата беше разрешен со смена на локалната власт по изборите во октомври, 2017-та година.