На денешен ден, 1960-та година во Валандово, роден е Ѓорѓе Иванов, Претседател на Р. Македонија

Иванов е роден во Валандово на 2-ри мај 1960-та година. Во раните денови повеќе го интересирале техничките науки и електрониката, но по завршувањето на основното и на средното образование во Валандово, ги започнал студиите по право на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на студиите започнал со политички активизам во либералните, реформски младински организации – отворајќи прогресивни теми во списанијата Млад борец, Студентски збор и Младински форум. Дипломирал на Правниот факултет во 1982 година. На 27-годишна возраст трајно се преселил во главниот град.

За Претседател на Р. Македонија е избран на претседателските избори во 2009-та, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. На функцијата стапил на 12-ти мај 2009-та, а за втор мандат бил избран во 2014-та година.

Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.