Уставен суд: Референдумот за „Казандол“ неуставен

Давањето концесии за експлоатација на руди не е од локално значење за да може општината сама да распишува референдум, денес пресече Уставниот суд. Со тоа судот за неуставни ги прогласи Одлуките донесени од Советот на Општина Валандово на 3-ти и 10-ти јули 2017-та година.

Подносител на иницијативата за докажување на уставноста на Одлуките е поранешниот градоначалник на Општина Валандово, Николче Чурлиновски.

По подолго негодување на релација Локална самоуправа – „Спас за Валандово“, референдумот во Валандово се одржа на 20-ти август, минатата година. Референдумот беше неуспешен поради недоволниот број на излезност.

Сепак, Рударскиот комплекс „Казандол“, беше затворен со Одлука на Владата на Р.М., поради неисполнување на условите од договорот за концесија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.