По инцидентите со труење на кучиња – скитници во Валандово и Охрид, Агенцијата за храна и ветеринарство започна кампања за бесплатно чипирање на домашни миленици. Сопствениците кои нема да ги чипираат своите миленици ќе се соочат со парични казни од 50 до 70 евра.
Бесплатното чипирањето на милениците ќе се врши во ветеринарните амбуланти низ градовите ширум Македонија, а за минимален надомест сопствениците ќе можат да им извадат и пасош.
Доколку ја искористат можноста да ги чипираат милениците во рамките на кампањата на АХВ, сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за пасошот, а во спротивно чипирањето чини 800 денари. Ќе се спроведува во 135 ветеринарни амбуланти низ земјава, а списокот ќе биде достапен на веб страната на Агенцијата.