По поднесената оставка од досегашниот Претседател Дејан Бошков, вечерва на вонредно изборно Собрание на клубот за нов Претседател на ФК „Победа“ е избран Александар Исиров.
„Ви благодарам на сите кои бевте во изминатиот период со нас во нашите подеми и падови и на сите тие кои навистина докажаа дека ПОБЕДА им е во срцето. Му честитам на новоизбраниот претседател за новата функција и му посакувам големи успеси. Валандово сака фудбал, Валандово ја сака Фк Победа“, додаде во својот статус на Фејсбук, Дејан Бошков.