Ученици и професори од најстарото земјоделско средно училиште на Балканот денес беа во посета на Општина Валандово

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, денес организираше прием за ученици и професори од најстарото земјоделско училиште на Балканот, формирано во 1972 г., СУ „Соња Маринковиќ“ од Пожаревац, Србија.

Учениците и професорите, се во Република Македонија преку проект финансиран од ЕУ. Целта на проектот, е учениците кои се вклучени во реализацијата на проектот да се здобијат со теоретски и практични знаења од областа на органското овоштарство, како и да се поттикнaт на производство на органски култури во иднина.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.